Нема конкретни рокови за европската интеграција на Македонија, потврди францускиот амбасадор

Сирил Бомгартнер
Сирил Бомгартнер / Фото: Архива на Слободен печат

ЕУ и француското претседателство немаат утврдено никакви рокови во врска со интеграцијата на земјава во ЕУ, потврди денеска францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер.

Тој денеска пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието ги презентираше приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија. Тој изјави дека за Македонија нема определен рок за проширување на унијата, а нема ни датум за почеток на самите преговори.

„За оваа тема нема некој утврден точен рок, затоа што тој рок зависи од Меѓувладината конференција која ќе го означи почетокот на преговорите и во овој момент е невозможно да се утврди точен датум“, изјави Бомгартнер.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров рече дека македонскиот случај е најубедливиот, најдрастичниот тест за кредибилитетот на политиката на ЕУ кон регионот на Западен Балкан.

Франција беше земјата која пред неколку години го блокираше отворањето на пристапните преговори со Македонија, а потоа во повеќе наврати вето стави Бугарија. Иако се очекуваше дека во декември лани може да се отворат преговори со ЕУ, сепак тоа не се случи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот