Нема доволна понуда: Засега обезбедени само 300 илјади тони јаглен за ТЕЦ Осломеј

Васко Ковачевски, директор на ЕСМ / фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Економските оператори не понудиле доволно јаглен за потребите на РЕК Битола, односно понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараа, изјави за „Слободен печат“ Васко Ковачевски, генерален директор на АД ЕСМ. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК Битола и повторно ќе бара понуди за овој капацитет, додава Ковачевски. Што се однесува до понудите за ТЕЦ Осломеј, добиена е бараната количина. На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори, кои дадоа 5 понуди за јаглен за РЕК Битола и 8 понуди за РЕК Осломеј.

– Во првата фаза утврдивме дека за понудите за набавка на јаглен за Осломеј ги исполнуваат барањата и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со процена на другите сегменти од тие понуди – изјави Ковачевски по отворањето на понудите.

Инаку, на повикот пристигнати се понуди за јаглен од три македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и од Босна и Херцеговина. Сега следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и потоа одлука  за избор.

АД ЕСМ бараше 1,2 милиони тони, а компаниите понудиле 300 илјади тони за ТЕЦ Осломеј, колку што се бараше, но многу помалку од 900.000 тони јаглен колку што сакавме да набавиме за активирање на третиот блок на РЕК Битола. Понудите за РЕК се околу 300.000 тони што не е доволно, дознаваме неофицијално.

Набавката на јаглен за термоелектраните е од големо значење затоа што од неа зависи обемот на домашното производство кое, пак, е од суштествено значење за заштита на домаќинствата од растот на цената на електричната енергија на светските берзи. Имено, ЕСМ засега обезбедува 100 проценти од потребите на домаќинствата и струјата ја продава многу поевтино од онаа на отворениот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот