Нема договор за укинување на забраната, се чека косовската АХВ

фото: Косовапресс

Во Приштина заврши средбата на македонскиот министер за економија Крешник Бектеши со косовскиот министерот за трговија и индустрија, Ендрит Шала, на која разговарале за можноста за укинување на одредени мерки за некои производи од Македонија, кои дојдоа како резултат на забраната на увоз на риба од Косово.

– Министрите Шала и Бектеши се согласија дека до петок Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово ќе испрати извештај до македонската Агенција за храна и ветеринарство со анализа на соодветната програма за следење на производите на риба и на рибини јајца од Косово, пренесува „Косовапресс“.

Министерот Шала рече дека само откако ќе се отстранат бариерите за увоз на риби, може да се укине реципроцитетот за увоз на македонскиот мед и компир во Косово.

Од своја страна, министерот Бектеши рече дека откако ќе бидат обезбедени доказите за мониторинг, тие ќе донесат одлука.

Бектеши рече дека се преземени вакви мерки против сите држави кои не обезбедуваат документи за квалитетот на рибата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот