НЕМА ДЕЛ ОД ТРИЦЕПСОТ, МЕТАЛНИ ПЛОЧКИ НАМЕСТО КОСКИ: Деа откри детали од закрепнувањето

Водителката Деа Ѓурѓевиќ стана вистински херој на балканската естрада, по тешката несреќа во која за малку ја изгуби раката.

„Ќе ви покажам која сум и колку сум силна“, изјави таа за српските медиуми, кога лекарите ја категоризираа нејзината повреда како настаната во војна.

По седум месеци, дваесет операции и многу лузни, водителката и понатаму стои на нозе и има насмевка на лицето.

„Немам дел од трицепсот, метални плочки ми ги држат коските, а почнувам и да ја користам раката. Мислам дека до Нова година веќе ќе можам да танцувам на прославата“, открила Деа.

Со помош на физиотерапевтите таа веќе може да ја движи повредената рака, иако многупати лекарите биле песимисти. Таа признава дека целиот процес барал многу трпение и толеранција, а ја имала и поддршката од своите блиски.

Деа вели дека денот кога се извлекла од тешката несреќа нема да го слави како втор роденден.

„Нема што да се слави. Сигурно ќе го одбележам на друг начин“, изјавила таа за „Премиера – викенд специјал“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот