Нема деца: Континуирано опаѓа бројот на запишани првачиња

Првачиња, Фото: Архива

За разлика од претходната година, кога во училишните клупи во Општина Гевгелија седнаа 234 првачиња, годинава резултатите од задолжителниот упис што заврши претходниот месец, покажуваат дека нивниот број се намалил за уште 14.

Во новата учебна година во прво одделение се запишале вкупно 220 деца од кои најмногу, поточно 93 во ОУ „Крсте Мисирков”. Од нив тројца наставата ќе ја следат во подрачното училиште во село Моин.

Во ОУ „Владо Кантарџиев” се запишани вкупно 90 првоодделенци од кои 77 во училиштето во градот, 10 во подрачното училиште во Богородица и тројца во подрачното училиште во Мрзенци.

ОУ „Ристо Шуклев”, од Негорци запиша 22 деца во прво одделение од кои 17 наставата ќе ја следат во Негорци, четворица во подрачното училиште во Прдејци и едно дете во училиштето во село Кованец.

Во училиштето во Миравци се запишале 15 првачиња од нив 11 ќе учат во Миравци, тројца во подрачното училиште во село Давидово и едно во училиштето во село Милетково.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот