Нема да ви се верува: Владо Георгиев веќе половина година не го прави ова!

Фото: Инстаграм

Популарниот пејач Владо Георгиев откако заплови во семејни води, како да ја спушти топката и полека се збогува со боемскиот живот по кој беше познат со години наназад.

Пред две години му се роди втората ќеркичка Елена, постарата Софија наполни три години во септември, а тој одржа голем број настапи и доста вербални војни…

– Боемски не значи само времето да го поминуваш во кафеана туку да живееш слободно и без притисоци. Боемски е да издвоиш време за себе, за семејството, пријателите, а не само да трчаш на состаноци и по пари. Тој поим ми е врзан за дружењето, за добрата забава, за прекрасните мигови. Настојувам се’ што е материјално да ми остане во сенкатана миговите исполнети со дружба и љубов“, вели популарниот кантавтор во разговорот за магазинот „Стори“.

Изминатото лето, пејачот изјави дека „40 дена апстинирал од пиење пиво“, а еве во која фаза се наоѓа сега…

– Помина половина година да не се напијам алкохол. Сега светот ми изгледа поинаку. Убаво е да пивнеш кога се опушташ или создаваш музика, но кога треба да водиш живот што има смисол – човекот треба да биде трезен. Отсекогаш ја застапував таа теорија. Кога ќе се напиете, некои работи можат да поминат покрај вас а вие да не ги забележите.“

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот