НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ: Еди Рама ќе игра во филм (ФОТО)

Коха Јоне

Албанскиот премиер Еди Рама ненадејно стана дел од најновиот филм на Ермал Мамаќи „Ја сакам Тропоја“, јавува Коха Јоне.

Сè уште не е познато во која улога ќе игра шефот на албанската влада, но на социјалните мрежи се објавени првите негови слики како ќе изгледа во улогата, облечен во црно и со чудно око.

Односот меѓу него и Мамаќи се чини дека зајакнал и покрај обвинувањата упатени кон актерот и модераторот дека го поканил Рама во негово шоу во екот на студентските протести минатиот декември.

Секако, една од причините поради која Мамаќи го поканил Рама во филмот е публиката, а со улогата премиерот ќе го одвлече вниманието од политичката криза, јавува Коха Јоне.

Коха Јоне

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот