Нема да се гради депонија за индустриски отпад во Неготино

Фото: Викимедиа

Расправата по точката која беше вметната во дневниот ред пред стартот на седницата, траеше околу три часа.

Одлука за поништување на одлуките кои се однесуваат за урбанистички план и согласност за изградба на депонија за индустриски инертен неопасен отпад, попладнево едногласно донесе Советот на општина Неготино. Се работи за одлуки од 2009 и 2019 година.

Градоначалникот и Советот на општината, беше речено на седницата, ја почитуваат волјата на неготинци и иницијативата против депонија, која ја покрена Здружението на граѓани „Ековита”. Одлуките се поништуваат сега за, како што велат, да се избегнат правни и финансиски штети и последици врз општината.

Расправата по точката која беше вметната во дневниот ред пред стартот на седницата, траеше околу три часа.

Околу иницијативата за референдум, поднесена од „Ековита”, беше најавена точка на дневен ред во рамките на следната седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот