Нема да се дозволи ФК Победа да замине во стечај! (ФОТО)

фото: prilep.gov.mk

Јованоски како како човек кој го сака фудбалот и кој што има одговорност пред граѓаните на најфудбалскиот град во нашата држава, нема да дозволи ФК Победа да замине во стечај и потоа во ликвидација.

– Затоа во овој момент, на прилепската и пошироката јавност сакам да им соопштам дека ќе излезам со програма пред членовите на општинскиот Совет и од нив ќе побарам Општина Прилеп да ја преземе грижата за Победа, се до моментот додека не се најде приватен инвеститор кој фудбалскиот клуб ќе го земе под своја „капа“ – се зборовите на градоначалникот на Прилеп, на пресот одржан на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.

фото: prilep.gov.mk

Јованоски нагласи дека подолго време клубот е оставен сам на себе, дека досегашните акционери се откажаа од „Победа“ и зад себе оставија долгови во висина од 9 милиони денари.

Исто така, клубот е со блокирана жиро-сметка, без тренер и без доволен број на квалитетни играчи кои ќе можат да обезбедат опстанок во Втората лига, каде најпопуларниот фудбалски и спортски клуб од Прилеп ќе се натпреварува во претстојната сезона, која започнува за нецел месец. Градоначалникот на Прилеп потенцираше, дека заради сите оние фудбалери и вљубеници во „Победа“ кои децении наназад се вложиле во клубот, жално е да се дозволи овој фудбалски бренд да замине во неповрат.

фото: prilep.gov.mk

– Пред месец и половина заврши изградбата на северната трибина, при што беше поставена и покривната конструкција, а моментално се работи на големата, јужната трибина. Според договорот кој што го имаме со изведувачот на работите, реконструкцијата на Градскиот стадион, вклучително и оградниот ѕид и заштитната ограда, целосно ќе биде завршена до крајот на оваа градежна сезона. Обврската да го направи тревникот ја има ФФМ и тој досега веќе требаше да биде поставен. Од за мене непознати и нејасни причини, како што гледате, таа работа не е завршена. Во понеделник имам договорено состанок со претседателот на ФФМ, на кој ќе разговараме за нивната обврска да го направат тревникот, со цел тој да биде готов заедно со другите градежни работи – истакна градоначалникот Јованоски.

Тој исто така верува дека со завршувањето на градежните активности на стадионот, тревникот ќе биде оспособен и ќе биде ставен во функција, така што наесен на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ќе може да се гледаат фудбалски натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот