Нема да ја препознаете, сопругата на Стеф Кари за време на карантинот го донесе своето тело до перфекција (ФОТО)

твитер

Најдобриот шутер во НБА лигата за време на пандемијата на коронавирусот си доби „нова сопруга“.

Ајеша Кари карантинот во САД го искористи за да стопи повеќе од 10-тина килограми и да го донесе своето тело до перфекција.

Ајеша и Стеф имаат три деца, ќерката Рајли и синовите Рајан и Кенон и поради мајчинските обврски но и преокупираноста со бизнисот, таа немаше време за одржување на линијата.

фото: Инстаграм

Но, за време на задолжителниот карантин во САД, Ајеша одлучи да ги искористи базенот и салата за вежбање во својот дом за да се доведе во ред.

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

„Доволно време за семејството и за себе, поточно за заеднички вежби со сопругот по НБА програма“, се пофали Ајеша, а Стеф Кари се пофали со заедничка фотографија со „новата сопруга“.

фото: Инстаграм

Ајеша Кари е канадско-американска актерка и ТВ водителка, а со Стеф Кари е во брак од 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот