Нема да има посебен полициски час за возрасните и малолетните, ќе може да шетаат до 19 часот

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Уставниот суд на денешната седница изрече времена забрана за владината уредба со која се ограничуваше движењето на граѓаните постари од 67 години и од утре тие ќе можат да излегуваат од 5 до 19 часот, како и другите граѓани, а не од 5 до 12 напладне, оваа одлука стапува на сила веднаш.

-Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оцена на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020);- стои во одлуката од судот.

Уставниот суд изрече времена забрана и за ограничувањето за лицата помлади од 18 години. И за нив, полицискиот час ќе важи како и за останатите граѓани од 5 до 19 часот, место од 12 до 19 часот.

Уставниот суд, покрај времената забрана за ограничување на движењето за овие две категории, поведе и постапка за тие ограничувања и на некоја од наредните седници ќе се гласа за уставноста на полицискиот час за младите и пензионерите, за кој што мнозинството од уставните судии сметаат дека е дискриминаторски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот