Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, истовремено и вицепремиер, изјави за ТВ21 дека ДУИ ги дефинирала имињата на министрите, кои ќе бидат опфатени со реконструкција на владиниот кабинет.
На прашањето колку министри на ДУИ ќе бидат сменети, портпаролот на ДУИ одговори:
„Јас мислам дека набргу треба да има пополнување на Министерството за политички систем и тоа подразбира некоја рокада внатре, за пополнување на тоа место и евентуално за пополнување на местото кое ќе се испразни од тоа пополнување. Тоа значи дека ќе бидат пополнети две места, од кое едното ќе биде само рокада“.