Нема да има клечење во Токио, забранети протестите на спортистите на Олимписките игри

epa08848824 Players of Mancester City knees for Black Lives Matter cause during the English Premier League soccer match between Manchester City and Burnley FC in Manchester, Britain, 28 November 2020. EPA-EFE/Laurence Griffiths / POOL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications.

На спортистите кои ќе учествуваат на претстојните Олимписки игри ќе им биде забрането да изразуваат било какви протести на победничкиот подиум или на спортските борилишта, објави Меѓународниот Олимписки комитет (ИОК).

Повеќе од две третини од анкетираните спортисти (во анкетата учествуваа 3.547 спортисти) сметаат дека не е „прикладно да се демонстрира или да се изрази својот став“ на победничкиот подиум, на теренот или на службените свечености, додава ИОК.

Оваа препорака го следи правилото на Олимписката повелба која забранува било каква „политичка, верска или расна манифестација или пропаганда“ на олимписките натпреварувања.
Постапките као тие на американските атлетичари Џон Карлос и Томи Смит кои на ИО во Мексико 1968 година, ги кренаа рацете како поддршка на движењето „Црна сила“, може да бидат казнети.

„Голем дел од спортистите кои учествуваа во анкетата не мислат дека и прикладно да се изразуваат лични ставови за време на свечените церемонии на отворањето и затворањето на Игрите, на победничкиот подиум или на спортските терени“, соопшти ОИК кој дополни дека сепак ќе биде дозволен одреден вид на протест или искажување на своите ставови.
„Учесниците во анкетата сметаат дека е прикладно спортистите своите мислења да ги искажуваат во медиумите, на прес-конферециите и во мешовитите подрачја“, додава ИОК.

Меѓу останатите препораки кои ги усвои Извршниот одбор на ИОК, олимписката заклетва ќе биде прилагодена така што ќе ветува кохезија и недискриминација, а опремата на спортистите ќе биде одбележана со зборовите како што се „мир, солидарност и еднаквост“.
Оваа одлука на ИОК може да предизвика револт кај одредени спортисти и олимпски комитети. Имено, Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на САД кон крајот на март објави дека спортистите кои ќе учествуваат на Игрите во Токио ќе може слободно да ги кренат рацете во воздух или да клекнат при интонирање на националната химна како поддршка во борбата за расна еднаквост и правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот