Нема да идам во самопослуга за да гледам филм! Оваа госпоѓа стана хит на социјалните мрежи! Погледнете што бара од властите! (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Една постара госпоѓа стана апсолутен хит на социјалните мрежи бидејќи на Фејсбук објави видео на кое од властите бара една единствена работа – нормални киносали во Белград какви што биле некогаш.

– Ќе замолам со убаво, јас барам од градските власти, републичките власти да отворат кино во Белград. Толку многу киносали имаше порано, што биравме каде ќе идеме. Што се дава тука, што се дава онаму, а сега мораш да одиш во трговски центар за да можеш да гледаш филм – протестирала на својот профил на Фејсбук.

– Нема да идам во самопослуга да гледам филм. Сакам да идам во кино – била категорична.

Снимката станала хит на социјалните мрежи, а по коментарите може да се заклучи дека луѓето потполно ја поддржуваат.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот