НЕМА БРЕГЗИТ ЗА ШАМПАЊ: Островот нема да пресуши кога е во прашање пенливото вино

Фото: Профимедиа

Без разлика дали Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија на 31 октомври со договор или на потежок начин, островот нема да пресуши, барем кога станува збор за шампањ.

Француските производители на шампањ велат дека се организирале на време и направиле залихи од својот чуен производ во Британија.

Голем број на шишиња се складирани во земјата која по увоз на шампањ е прва во светот, дури и пред САД, така што однапред го избегнале потенцијалното пореметување на пазарот.

Велика Британија увезува 17 отсто од францускиот шампањ, што во 2018 година било дури 26,8 милион шишиња.

Фото: Профимедиа

Здружението на произведувачи на шампањ рекле дека складиштата во Велика Британија се „до врв“ полини за да не ги погоди можното затворање на границите.

Винскиот критичар Антоан Гербел рекол дека се мисли за количина доволна да се покрие жедта на Британците со шампањ во наредните година дена.

„Британците обожуваат шампањ веќе 300 години и без разлика дали ќе има Брегзит или не, тие пак ќе продолжат да го пијат и да го сакаат“, рекол претседателот на здружението на производители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот