Нема бојкот на наставата од страна на матурантите во трите гимназии во Дебарско

Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Матурантите во трите гимназии во поширокиот дебарски регион не го прифатија повикот за бојкот на наставата и како што потврдуваат дректорите, наставата се одвива без проблеми.

-Во нашата гимназија оваа генерација матуранти ја сочинуваат 107 ученици, од нив 35 се во паралелките со настава на македонски и 72 на албански наставен јазик. Од вкупниот број дури 105 матуранти се поријавени за полагање државна матура. Денеска немавме никаков проблем во одвивањето на наставата која се одржува онлајн, изјави за МИА Рамадан Имери, директор на дебарската гимназија „28 ноември”.

Според Сабри Асан, дирекор на гимназијата „АТА” во Центар Жупа, и во ова образовна установа нема бојкот од страна на матурантите.

-Оваа учебна година во нашата гимназија образованието го завршуваат 23 матуранти од нив четворица со настава на македонски и 19 на турски наставен јазик. Од Нив само двајца од паралелката на македонски наставен јазик се пријавиле за полагање училишна матура –  вели Асан.

И во гимназијата „Маврото-Ростуше” во Ростуше матурантите не ја бојкотираат наставата. Во ова училиште, потврдува директорот Исмет Абдули, сите 30 матуранти се пријавиле за полагање државна матура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот