Нема бегање од рекламите на „Јутјуб“, ќе се пуштаат и кога видеото е на пауза

Технолошкиот гигант „Гугл“ презема уште еден чекор кон наметнувањето реклами на бесплатната верзија на најпопуларниот видеосајт во светот – „Јутјуб“ – економско-пропагандните пораки отсега ќе се пуштаат дури и кога корисниците на „Јутјуб“ ќе ги паузираат видеата што ги гледаат.

Менаџерот за комуникации на компанијата потврди дека има „силен одговор од огласувачите и рецензентите“ на овој чекор. Компанијата со ваквите потези ги насочува корисниците да се претплатат на дополнителните сервиси на „Јутјуб“, со што ќе ги избегнат рекламите.

„Јутјуб“ почна да ја истражува употребата на реклами на паузирани видеа уште во 2023 година и ги тестираше со одредени огласувачи. Компанијата во април соопшти дека новиот концепт им се допаднал на огласувачите, но корисниците, разбирливо, не се толку воодушевени од оваа идеја.

Овој концепт не е нешто ново, бидејќи некои сервиси за стриминг како DirecTV и Hulu, претходно го направија истото, прикажувајќи им реклами на сличен начин на дел од своите корисници – оние со пониски нивоа на претплата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот