Нела Стојанова за „Слободен печат“: Не сум активист, туку само љубител на животни, тоа што ми се случи мене може да му се случи на секој

скопје Бездомни кучиња
Бездомни кучиња во Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Не сум активист, јас сум само љубител на животни. Иако често знаат да кажат дека кучињата не те напаѓаат доколку не ги напаѓаш јас сум пример кој воопшто не ги допре, напротив ниту се плашам од нив, а бев нападната, изјави за „Слободен печат“ Нела Стојанова која пред неколку дена беше нападната од глутница во Струга. По објавување на веста од порталот Охриднет, на социјалните мрежи се отвори дискусија дали Стојанова навистина е активист за заштита на животните или информацијата беше злоупотребена и манипулативна до тој степен дека проблемот со кучињата е нерешлив за властите односно дека и оние кои се грижат за нив се нападнати од бездомните кучиња.

Веќе не станува збор за кученце или две, во прашање се глутници агресивни кучиња кои секојдневно напаѓаат. Некои портали почнаа да пишуваат дека кармата ме достигнала и слични хушкачки наслови кои беа проследени со омразени коментари. Ова што ми се случи мене може да му се случи на секој и активист и неактивист и маж и жена и дете, на никој не му ја посакувам оваа болка и стрес. Не е хумано да се каже дека некој го заслужил ова. Сакам да напоменам дека не сум активистка, сметам дека бруталното убивање не е решение. Но, исто така да напоменам дека животот на човекот е приоритет. Властите не преземаат никакво решение, а ние граѓаните живееме во страв, порача Стојанова.

Проблемот во Струга со бездомните кучиња е реален, а неодамна имаше и пријава од страна на МВР до граѓанин кој со пушка убиваше кучиња.

Надлежната институција за решавање на проблемот, Општина Струга смета дека Владата треба да го реши овој проблем. Градоначалникот Рамиз Мерко бара да се донесе закон со којшто Агенцијата за ветеринарство на државно ниво ќе се занимава со решавање на состојбата со бездомните кучиња.

Ставовите во врска со овој проблем во Струга се спротивставени, дел од граѓаните бараат решение, а активисти бараат заштита на кучињата, но во исто време дел од медиумите намерно или не лиферуваат информации кои не се проверени и непрофесионални информации се со цел да се дефокусира вистинскиот проблем.

Во изминатата недела, според податоците од билтенот на МВР, регистрирани се пријави за околу 20 напади од бездомни кучиња на територија на цела држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот