Некст Тајм со нова преработка – погледнете за која песна станува збор (ФОТО)

Фото: Фејсбук

И покрај многубројните турнеи низ Македонија и соседна Бугарија, момците од дуото „Некст Тајм“, Стефан и Мартин изминатиот период работеа паралелно и на нивниот најнов музички проект.

Станува збор за уште една одлична преработка на стара македонска песна, која е направена по повод 500 години постоење на градот Куманово.

Овој пат тие се одлучија за „Прошета се Јовка кумановка“, која ќе имате прилика да ја слушнете во едно ново и поинакво руво.

Се разбира, Нест Тајм станаа претпознатливи и по нивните високобуџетни спотови, па така и за оваа нова песна очекувајте филмска приказна зад која повторно се потпишува Огнен Шапковски и неговата „Мелем Продукција“.

Инаку промоцијата е закажана за на 11 октомври во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово каде вооедно ќе бидат обележани и 500 години од постоење на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот