Не­кон­тро­ли­ра­но­то чув­ствувате глад? Стресот е главната причина, но има и други!

Си­гур­но до­се­га чес­то­па­ти ви се слу­чи­ло да ја­дете, но са­мо по не­кол­ку ча­со­ви пов­тор­но да чув­ству­ва­те не­кон­тро­ли­ра­на пот­ре­ба за внес на но­ва храна. При­чи­на за вак­ва­та сос­тој­ба мо­жат да би­дат по­ве­ќе фак­тори, од кои нај­в­ли­ја­те­лен би бил стре­сот, од­нос­но до­кол­ку во да­ден мо­мент има­те по­го­ле­ми стрес­ни си­ту­а­ции во жи­во­тот, во тој слу­чај те­ло­то во хра­на­та мо­же да „ба­ра сво­е­вид­на утеха“, ве­лат нут­ри­ци­о­нис­тите.

Имено, ме­ѓу дру­гото, доб­ро е да зна­е­те и де­ка чув­ство­то на си­тост вед­наш по об­ро­кот, не за­ви­си се­ко­гаш од тоа кол­ку изе­де­ни­от об­рок сод­р­жел ка­ло­рии. Во по­го­ле­ми­от број слу­чаи лу­ѓе­то от­ка­ко ќе ја­дат, не чув­ству­ва­ат глад во про­сек од 4 до 5 часа, но има и так­ви што за са­мо не­кол­ку ми­ну­ти по­сег­ну­ва­ат по но­ва храна.

Глав­ни при­чини

До­кол­ку не­ко­гаш прет­ход­но сте се наш­ле во оваа си­ту­а­ција, нај­ве­ро­јат­но сте се пра­ша­ле зош­то на ва­ши­от ор­га­ни­зам му тре­ба тол­ка­во ко­ли­чес­тво хра­на за да ја на­ма­ли жел­ба­та за ја­дење. За утеха, ог­ро­мен број лу­ѓе го има­ат овој проб­лем и не сте единствени.

Спо­ред нут­ри­ци­о­нис­тите, проб­ле­мот око­лу не­кон­тро­ли­ра­но­то чув­ство на глад, за­ви­си од хра­на­та што сте ја ја­деле, но и од тоа да­ли сте фи­зич­ки или пси­хич­ки уморни. Па така, за чув­ство­то и пот­ре­ба­та за до­пол­ни­те­лен внес на храна, мо­же да при­до­не­су­ва бр­зи­от ме­та­бо­ли­зам, но и хро­нич­ни­от стрес.

Брз ме­та­бо­ли­зам

Ток­му по­ра­ди раз­лич­ни­от ме­та­бо­ли­зам, на­ши­те те­ла се раз­лич­ни и во нив раз­лич­но се разло­жу­ва хра­ната, а ка­ко по­след­ица на тоа и раз­лич­но се ис­фрла­ат непот­реб­ни­те ма­те­рии од ор­га­низ­мот. Пок­рај тоа, ин­те­рес­но е да се на­по­ме­не и де­ка на на­мир­ни­ци­те на кои им е пот­реб­но по­дол­го вре­ме да се разло­жат, нè пра­ват по­дол­го вре­ме сити.

До­кол­ку ја­де­те хра­на што мно­гу бр­зо се вари, ка­ко што се ма­ка­ро­ните, јуф­ки­те и слич­ни ја­де­ња на ба­за на тесто, не­мој­те да се из­не­на­ди­те до­кол­ку по еден или два ча­са пов­тор­но чув­ству­ва­те глад. Кол­ку чес­то ќе чув­ству­ва­те глад во те­кот на де­нот за­ви­си од тоа кол­ку всушност об­ро­кот сод­ржи во се­бе рас­ти­тел­ни влакна, мас­ти и про­те­ини.

Нут­ри­ци­о­нис­ти­те во обид да го на­ма­лат чув­ство­то на глад кај лу­ѓе­то што има­ат брз ме­та­бо­ли­зам и на тој на­чин да спре­чат тие да се зде­бе­лат, препо­ра­чу­ва­ат се­кој­днев­но да се ја­де хра­на што спа­ѓа во т.н. „трој­ство на си­тост“, од­нос­но хра­на што изо­би­лу­ва со влакна, про­те­и­ни и здра­ви масти.

Рас­ти­тел­ни­те влак­на се сод­ржа­ни во овош­јето, зе­лен­чукот ка­ко и во жи­та­та нап­ра­ве­ни од це­ли зрна. Про­те­и­ните, пак, ги има во се­ми­ња­та и во млеч­ни­те про­из­води, а здра­ви­те мас­ти ги има во оре­вите, аво­ка­до­то и мас­ли­но­во­то масло.

 

Не­до­во­лен внес на во­да во те­лото

Пок­рај бр­зи­от ме­та­бо­ли­зам, вие по­стоја­но мо­же­те да има­те чув­ство на глад и по­ра­ди ма­ло­то ко­ли­чес­тво во­да што ја вне­су­ва­те во ва­ши­от ор­га­ни­зам во те­кот на ед­но де­но­но­ќие. Тоа е та­ка за­тоа што на­ше­то те­ло чув­ство­то на жед мо­же да го препоз­на­ва ка­ко чув­ство на глад.

Кон­ти­ну­и­ран стрес

Ка­ко тре­та при­чи­на по­ра­ди ко­ја чув­ству­ва­те пот­ре­ба за хра­на без на­вис­ти­на да има­те ре­ал­на пот­ре­ба за тоа е до­кол­ку сте под стрес. По­не­ко­гаш ко­га лу­ѓе­то чув­ству­ва­ат воз­не­ми­ре­ност, по­сег­ну­ва­ат по хра­на во обид да си ја на­ма­лат та­гата. Од дру­га страна, пак, пот­ре­ба­та за хра­на по­стоја­но ќе би­де при­сут­на и до­кол­ку прес­кок­ну­ва­те об­роци. До­кол­ку на те­ло­то во те­кот на де­нот не му да­ва­те храна, по први­от об­рок не­ма да ја за­до­во­ли­те пот­реб­на­та ко­ли­чи­на хран­ли­ви ма­те­рии пот­реб­ни во пе­ри­од од 24 часа, па те­ло­то по по­ло­ви­на час мо­же пов­тор­но да по­са­ка но­ва храна. На тој на­чин по­стојат го­ле­ми шан­си да дој­де до пре­ја­ду­ва­ње што, се раз­бира, во ни­кој слу­чај не е препо­рач­ливо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот