Неколку важни совети при подигнување кредит

Фото: Profimedia

Доколку сте пред одлука за надополнување на вашите финансии преку банкарски кредит, ова се неколку прашања што треба си ги поставите, со цел да донесете правилна одлука во реализирање на вашата потреба.

Зошто би подигнале кредит?

  • Пред воопшто да размислувате на идејата за кредит, запрашајте се што би значело тоа за вас и за вашиот тековен буџет и начин на живот. Би подигнале кредит за нов автомобил, влог во образованието на вашите деца, за вашата свадба или за меден месец? Поставете си флексибилна рамка и предвидете ги вашите идни финансиски текови.

Ако подигнете кредит, за што ќе го искористите?

  • Да речеме дека станува збор за нов автомобил. Истражете и одберете го оној автомобил што ќе одговара на вашите можности, потреби и стил. Согледајте ги можностите за неговото купување преку најповолната понуда од добавувачот и преку најдобрата опција за финансирање. Обратете се во банката и оформете ја соодветната финансиска рамка за вашите потреби.

Што е важно да знаете при разгледување кредитни опции?

  • Во широката палета на достапни кредити на пазарот, пронајдете ја најповолната понуда за потрошувачки кредит што ќе одговара токму на вашите потреби. При правењето на изборот на кредит, не ја анализирајте само каматната стапка. Има повеќе фактори што го прават еден кредит поволен или не. Тука е рокот, обезбедувањето, висината на сумата, без и со жирант и секако осигурителната полиса како сигурност на кредитот. Доколку сакате исклучително поволен, комплетен кредит со полиса за осигурување, оваа понуда на Халкбанк АД Скопје е особено важна и корисна за вас.

 Ако подигнете кредит, колкава би била висината на сумата?

Искалкулирајте ја вредноста што би ви била потребна за да ја покриете вашата потреба преку дополнително финансирање од банка. Имајте ја предвид и вашата кредитна способност, односно вашата здрава кредитна историја, која е особено важна за банката од која ќе барате одобрувањето на потребниот износ. Вашите месечни примања исто така ќе значат во детерминирање на максималниот износ за кој може да аплицирате за кредит. За крај, направете си и калкулација која ќе ви покаже колкави месечни рати и колкава вкупна камата би платиле кон банката за бараниот износ.

Имајќи ги предвид овие важни аспекти при носењето одлука за подигнување кредит, ќе можете поедноставно да го почнете тој чекор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот