Неколку улици во Скопје без струја, село Радишани два часа без вода

Фото: Ансплеш

 Без струја денеска од 9 до 13 часот ќе останат корисниците од улицата „Јуриј Гагарин” од бр.20 до бр.40, корисниците лоцирани во нивната непосредна околина и објектот на ТЦ Олимпико, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од село Варвара лоцирани на страната кон село Добри Дол.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека без електрична енергија од 8 до 15:30 часот ќе останат корисниците од улицата 1, корисниците лоцирани на влезот во село и од 9 до 12 дел од корисниците од ул. Димитар Гуштанов.

Од РЦУК информираат дека денеска од 9 до 11 часот поради чистење и дезинфекција на резервоарот во село Радишани ( ниска зона ) можен е краткотраен прекин во водоснабдувањето на корисниците од село Радишани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот