Неколку трикови за среќа во подоцнежните години: Променете ги овие навики и ќе се чувствувате помлади!

Колку се постари, толку повеќе луѓето бараат начин да се чувствуваат помлади. Под тоа може да се подразбира грижа за општото здравје и вклучување на здрави навики како што се пиењето доволно вода, јадење здрава храна и вежбање, но и другите навики исто така можат да помогнат во тоа.

Не велиме дека не треба да се грижите за својот организам, туку само дека постојат и други различни начини да се подмладите, барем ментално, и никој од нив не е штетен по здравјето. Во продолжение, прочитајте некои од препораките….

Вдомете милениче

profimedia

Нова личност во животот, дури и ново животно, носи посреќен живот, покажаа истражувањата. Да, тоа е дополнителна неизбежна обврска, но исто така и нов пријател кој ќе ве придружува насекаде и со кого можете да шетате, играте или да се гушкате. Домашните миленици ни помагаат да се чувствуваме подобро и можат да донесат ново чувство за цел поради кое многу луѓе се чувствуваат подмладени.

Прочитајте и...  Ева Лонгорија има 45 години, дете и тело од соништата: Актерката се пофали со фигурата (ФОТО)

Научете нова вештина

profimedia

Без разлика дали станува збор за „еден на еден“ часови со некого, или интернет курсеви и снимки со упатства, новата вештина го ангажира нашиот мозок и ќе направи да се насочиме кон нешто новоА секое ново знаење носи чувство на исполнетост, односно како да сме завршиле некоја задача, која може да не врати во училишните денови и да ни даде нова волја да живееме и уживаме.

Слушајте музика и гледајте филмови што сте ги сакале кога сте биле помлади

profimedia

Некои никогаш не престанале да ја слушаат музиката што ја сакале како млади, но ако одамна не сте го пуштиле омилениот албум од тинејџерските денови, сега е вистинското време. Музиката е многу моќна алатка за евоцирање спомени и лачење на хормонот на среќа, така што лесно може да не врати назад во некои минати времиња што со задоволство ги паметиме. Истото важи и за филмовите, или сериите, кои сме ги гледале кога сме биле помлади. Можеби нема да го имаат истиот ефект како кога прв пат сте ги погледнале, но дефинитивно ќе направат да се чувствувате помлади.

Прочитајте и...  Заразен хит кој ќе го слушате повеќепати: Теа Трајковска ја објави „Сенки“ (ВИДЕО)

Поканете ги старите пријатели

profimedia

 

Ако имате некој со кого долго време не сте се слушнале и се прашувате како е, повикајте го и разговарајтеЗборувањето за заедничките спомени ќе ве врати назад во минатото, а и таа личност сигурно ќе биде среќна што сте се сетиле на неа. Можеби веќе не сте блиски со некои луѓе како кога сте биле помлади, но еден повик или порака е само мал знак на внимание што може да значи и за вас и за нив.

Испробајте нов рецепт

profimedia

Ова не значи само учење на нова вештина, туку и нежно разбивање на рутината. Ако често јадете исти или слични јадења, тоа може да ви стане навика и нема да го цените самиот чин на јадењето. Со некој нов рецепт, ќе го ангажирате вашиот мозок, ќе научите нешто ново, ќе пробате нешто ново и ќе јадете со задоволство. Затоа, побарајте некој нов рецепт барем од време на време и сигурно нема да ви биде здодевно, а ќе се присетите и на првиот пат кога сте се учеле да готвите.

Прочитајте и...  Јелена Карлеуша ја освои Анталија: Пејачката повторно изненади со изборот на бикини! (ФОТО)

Прочитај повеќе

Се соблече најзгодната девојка од групата „Hurricane“ и го запали Инстаграм! (ФОТО)

Слободен Печат

Елена Ристеска со нова песна посветена за својот покоен татко, но и реклама за „ЕРА“

Слободен Печат

Брена и оваа година покажа топ линија во бикини: Пејачката со јахтата плови околу Европа! (ФОТО)

Васко Спасоски

Јелена Карлеуша ја освои Анталија: Пејачката повторно изненади со изборот на бикини! (ФОТО)

Слободен Печат

Ева Лонгорија има 45 години, дете и тело од соништата: Актерката се пофали со фигурата (ФОТО)

Слободен Печат

Норт Вест одлучи со кого ќе живее: Семејството Кардашијан во турбулентен период!

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најпознатата модна блогерка ја покажа својата неверојатна фигура во спортско издание! (ФОТО)

Слободен Печат

Млади, згодни, пеат-растураат: Овие македонски пејачки се иднината на нашата естрада! (ФОТО)

Васко Спасоски

Анастасија Ражнатовиќ едвај чека прилика да се разголи: Погледнете во какво бикини позира! (ФОТО)

Васко Спасоски

Ова се 5-те најчести лаги кои жените ги користат во кревет!

Слободен Печат

„Брена ми е пријателка, Цеца не е во таа група“: Здравко Чолиќ откри што мисли за колешките… (ФОТО)

Васко Спасоски

Од танцот на пејачката Едита нема да ви биде добро: Таа го спушти телефонот подолу и … (ВИДЕО)

Васко Спасоски