„Неколку степени повисоко“: Музеј во Виена ги навали сликите за да предупреди на глобалното затоплување

Пред неколку месеци активистите за климатски промени фрлија боја врз сликата на Густав Климт во музејот во Виена во знак на протест, на денот кога влезот беше бесплатен благодарение на спонзорството на една нафтена компанија, пренесува Ројтерс.
По тој настан музејот во Виена, каде што климатските активисти ја таргетираа стаклената заштита на сликата на Густав Климт, одговори со изложба која ја наслови „Неколку степени повисоко“, во која сликите се навалени за неколку степени за да привлечат внимание поради глобалното затоплување.
Climate activists pour black ink on Gustav Klimt’s “Death and Life” painting at the Leopold Museum in Vienna:pic.twitter.com/PV1VBNJcfX
— Alex Salvi (@alexsalvinews) November 15, 2022
Активистите на групата „Последна генерација“ го обоија стаклото пред сликата на Климт, „Смртта и животот“, во музејот „Леополд“ во Виена, а еден ја залепи раката за стаклото на протестот во ноември повикувајќи на прекин на црпењето на нафтата.
„Сметаме дека тој начин е сосема погрешен“, изјави уметничкиот директор на музејот, Ханс-Петер Виплингер, за „Ројтерс“ на денот на отворањето на изложбата „Неколку степени повисоко“.
Во рамките на изложбата, 15 дела на уметници, меѓу кои и на Климт и на австрискиот великан Егон Шиле, се обесени наопаку со придружни текстови, кои го привлекуваат вниманието од ефектот на глобалното затоплување.
Според меѓувладиниот панел на Обединетите нации за климатски промени (IPCC), емисиите мора да се преполоват до средината на 2030-тите ако светот сака да има какви било шанси да го ограничи порастот на температурата до 1,5 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа – клучна цел содржана во Парискиот договор од 2015 година.
„Сакавме да иницираме нешто продуктивно, нешто комуникативно. Ова значи да се пренесе порака и тоа не само со спектакуларни фотографии (како што е протестот) туку и преку помагање на посетителите да дознаат повеќе за ситуацијата и разните контексти на ова глобално затоплување“, рече Виплингер.
ВИДЕО: Екоактивистите предизвикаа нов инцидент, овој пат во Виена