Неколку скопски улици денеска без вода

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Без вода денеска од 10.15 часот се корисниците од улицата „Алексо Демниевски” во Општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80мм на улицата „Алексо Демниевски” 1/15.

Без вода денеска од 10.20 часот се корисниците од улицата „Дижонска” во Општина Чаир. Прекинот е поради уличен дефект од Ф-5/4 на улицата „Дижонска” крак 24 во населба Чаир.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот