Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат корисниците од неколку скопски општини.

Во период од 08:30 часот до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата Мајка Тереза броевите: 2,4,6,8,10,12, објектите на почеток од улицата од десна страна, во општина Центар.

Во период од 09:00 часот до 10:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата број 7 во село Долно Лисиче, во општина Аеродром.

Во период од  09:00 часот до 13:00 часот  без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица Капиштец од бројот 4 до бр.12, во општина Центар.

Во период од 09:00 часот до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат  дел корисниците одсело Љубин, после игралиштето кон УКА Комерц,, стопанските објекти: УКА Комерц, Даути Комерц, Кланицата во село Љубин, во општина Сарај.

Во период од 09:00 часот до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Побожје, во општина Чучер Сандево.

Во период од 10:00 часот до 12:00 часот часот, без електрична енергија ќе бидат дел од  корисниците од село Горно Соње и место викано Млака во општина Сопиште.

Во период од 12:00 часот до 14:00 часот,  без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците  од село Усје, (објектот на Тимел Проект) и улица Првомајска, во општина Кисела Вода.

Во период од 12:00 часот до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улица Перо Наков и дел од улицата со бр. 840, во општина  Гази Баба.

Во период од 15:00 часот до 17:00 часот,  без електрична енергија ќе бидат корисниците од булеварот Борис Трајковски број 111, фирмата Геинг Кребс унд Кифер и околните стопански и нестопански објекти, во општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот