Неколку скопски општини утре без струја

Далновод / Фото: EPA

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Томе Арсовски”, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:10 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Кучково, село Волково лоцирани кај обиколницата, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 11:00 до 13:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од објектот на градинката на бул. „Илинден” лоцирана позади тенискиот клуб АБЦ, како и објектот на „Флораком”, Општина Карпош.

Без вода денеска од 9:40 часот ќе бидат корисниците на улиците „Самоилова”, „Јоаким Крчовски”, „Банатска” и улицата 380 во Општина Центар.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, причината за прекинот на водоснабдувањето е уличен дефект ф300мм на булеварот „Македонско Косовска бригада” 81, кај бензиска Арена Петрол.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на дефектот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот