Неколку скопски општини утре без струја

Без струја
Струја / Фото: МИА

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Кисела Вода, Арачиново и Илинден, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 8.30 до 10.00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селата Горно и Долно Свиларе, Општина Сарај.

Во периодот од 8.30 до 13.00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Димитрие Чуповски”, „Методија Патчев” бр.34, 36, 38 и 40, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 9.00 до 11.00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Бујковци, Ајватовци, Бучинци, Бунарџик и Мршевци, Општина Илинден, како и корисниците од село Грушино, Општина Арачиново.

Во периодот од 11.00 до 13.00 часот без напојување со електична енергија ќе остане објектот на фабриката „Кемет Електроникс”, Општина Илинден.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот