Неколку скопски општини денеска без вода

Прекин на водоснабдување фото МИА

 Поради уличен дефект на цевка со пречник од 150 милиметри на улицата „Кораб 3″, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улиците „Козле”, „Кораб”, „Струшка” и „Јуриј Гагарин”.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до завршување со санацијата на дефектот.

Дел од скопската населба Лисиче (бараки) денеска ќе биде без вода поради изведување водоводен приклучок ф-150 мм, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:45 часот до завршување со активностите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот