Неколку работи кои треба да ги знаете пред да одлучите да живеете заедно со партнерот

Young adults moving in new home

Иако заедничкиот живот понекогаш изгледа како логична одлука, потребно е добро да размислите пред овој важен чекор.

За да бидете сигурни дека навистина сте подготвени да се вселите со партнерот, мора да поминете низ овие три чекори.

Поделба на домашните обврски

Ако вие сте многу чиста и уредна личност, сигурно нема да ви биде драго да видите расфрлана облека по подот, валкана даска на ВЦ школката, нечиста кујнска маса и слично. Договорот околу поделбата на домашните обврски е важна ставка за која мора да поразговарате со партнерот, да поставите свои правила и да му дозволите и нему да постави свои. На крајот на денот, се вселувате заедно, за да бидете посреќни и позадоволни, а не обратно.

Разговор за парите

Ако ги делите сите трошоци на пола, ги ставате парите во заеднички буџет или функционирате по системот „оној кој повеќе заработува повеќе допринесува“. Кога станува збор за парите, споделувањето на истите и плаќање на сите животни потреби се меѓу најважните ставки преку кои мора да поминете за да знаете на што сте и што може да очекувате. Важно е да постигнете договор кој ви одговара и вам и на вашиот партнер, за подоцна да немате непотребни несогласувања околу тоа.

Заеднички живот пред или после брак – да или не?

Можеби воопшто не планирате да стапите во брак, а можеби моментално тоа ви е приоритет. Било како, размислете кога е најсоодветно време за вас да се вселите со партнерот и што е она што ќе го усреќи него, а што вас. Ако не сакате да пробате заеднички живот пред брак, бидејќи негувате одредени традиционални врдности, разговарајте со партнерот за тоа и објаснете му ги сите ваши ставови. Присилните одлуки никогаш не донеле нешто позитивно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот