Неколку препораки за да го одржите здрав дигестивниот систем

дигестивно здравје
Фото: Промо

Постои блиска врска помеѓу мозокот и цревата. 95 отсто од серотонинот, еден од најважните невротрансмитери во телото, се наоѓа во цревата. Овој нервен систем им овозможува на желудникот и цревата да се прилагодат на она што го јадеме, но исто така е и алармен систем кој нѐ предупредува кога нешто ќе тргне наопаку.

Варењето се дефинира како правилно распаѓање на храната и пијалаците во мали честички наречени хранливи материи што телото ги апсорбира и ги користи како енергија.

Храна богата со маснотии, пијалаци со шеќер, високо ниво на стрес, дебелина, синдром на нервозно дебело црево, нетолеранција на лактоза и карцином на дебелото црево се чести фактори кои го загрозуваат доброто здравје на дигестивниот систем.

Во последниве години, една од главните непријатности со кои се соочуваат мажите и жените се дигестивните проблеми кои често се манифестираат со надуеност. Стресот, вознемиреноста и долгото седење, исто така, имаат негативно влијание врз ова. Во прилог неколку препораки за да го одржите здрав дигестивниот систем.

Разновидна диета со храна богата со:
• Витамин А, присутен во спанаќот или морковот
• Витамин Д, што ќе го најдете во јајцата и масната риба
• Витамин Е, во маслиново масло и ореви
• Витамин Ц, во портокали и јагоди
• Витамини од групата на Б комплекс
• Минерали како цинк и селен присутни во црвено месо, живина и јаткасти плодови.
Сите овие хранливи состојки ќе го стимулираат и ќе го зајакнат вашиот имунитетот
• Јадете полека и правилно џвакајте
• Вечерајте рано: најмалку два часа пред да одите во кревет
• Избегнувајте прекумерно консумирање алкохол
• Хидрирајте се: водата е неопходна за цревниот транзит да може да ја заврши својата работа на најефикасен начин
• Вежбајте: практикувањето на спортови го забрзува метаболизмот, со што се стимулира варењето на храната и го подобрува цревниот транзит
• Јадете редовно и не пресконувајте ниеден оброк

Постои блиска врска помеѓу мозокот и цревата. 95% од серотонинот, еден од најважните невротрансмитери во телото се наоѓа во цревата. Овој нервен систем им овозможува на желудникот и цревата да се прилагодат на она што го јадеме, но исто така е и алармен систем кој нѐ предупредува кога нешто ќе тргне наопаку.

Со подобрување на здравјето на дигестивниот систем, ќе видиме како е полесно да се намали телесната тежина на здрав начин и да се добијат долгорочни резултати, без потреба да поднесувате строги диети.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во Клиниката „Жан Митрев“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот