Неколку лица од Струмица биле измамени на видео комуникација преку фејсбук

Полиција / Фото: МВР

Неколку лица од Струмица станале жртви на видео комуникација преку фејсбук, кои најпрво биле намамени на видео комуникација, а потоа ги уценувале со експлицитната содржина од материјалите. Сопствениците на лажните профили прво разговарале со оштетените,  потоа од нив барале да воспостават видео комуникација по што без нивно знаење изготвувале фото и видео материјали со експлицитна содржина. Понатаму, тие ги уценувале и изнудувале пари, а сметките на кои требало да уплатат биле регистрирани на Брегот на слоновата коска.

 

  – Уцената ја вршеле на начин што од страна на лажните профили се барала уплата на пари со цел предметните фотографии и видео содржини да не завршат кај фамилијата на оштетените или нивните најблиски.
Отсекот за компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Струмица постапува по сите поднесени пријави, вели Александра Трајанова – Портпарол на СВР Струмица.

 

Во меѓувреме од таму апелираат до граѓаните да не наседнуваат на вакви уцени и да не споделуваат нивни фотографии или видео содржини со трети лица, со цел спречување на понатамошна злоупотреба на истите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот