Неколку илјади луѓе во Алжир демонстрираа против властите

Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Неколку илјади луѓе се собраа во главниот град на Алжир, барајќи промена на режимот на 48-миот собир на протестното движење.

Демонстрантите скандирале „Слободен и демократски Алжир“, јави агенцијата „Франс прес“ од местото на настанот.

Иако протестот и понатаму е голем, сепак е помал во однос оние кои се одржуваа во пролетта и зимата во 2019 година, и за време на кампањата пред претседателските избори одржани на 12 декември кои многу луѓе ги бојкотираа.

„Франс прес“ додава дека е тешко да се процени бројот на собрани луѓе, бидејќи властите не изнесуваат податоци за тоа. Протестите започнаа пред речиси една година, кои го принудија тогашниот претседал на државата Абделазис Бутефлика на оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот