Неколку делови од Скопје без струја

струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без струја денеска ќе останат делови од Сопиште, Кисела Вода и Зелениково, информираат од ЕВН.

Во периодот од 9 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од место викано Под Брег во с. Горно Соње (Општина Сопиште), од 8:30 до 16 часот корисниците од с. Орешани, викенд-населбата Јане Сандански, ЖТП Орешани и фирмата Млекара Маско (Општина Зелениково), од

9 до 12 часот корисниците од непарните броеви од ул. Јанко Мишиќ, дел од ул. Дреновска Клисура од бр. 2 до бр. 10 и ул. Иван Хаџиниколов од бр. 89 до бр. 97 во населбата Драчево (општина Кисела Вода) и од 9 до 15:30 часот корисниците од дел од булеварот Борис Трајковски кај фирмите „Бато и Дивајн“, „Магнус’ и останатите фирми во околината во општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот