Неколку боровинки дневно може да направат чудо за вашиот организам

боровинки
Боровинки / Фото: Unsplash / Joanna Kosinska

Новото истражување на Универзитетот во Синсинати, САД, откри дека секојдневното консумирање боровинки може да го намали ризикот од когнитивни нарушувања кај луѓето во подоцнежните години.

Испитувањето на луѓе идентификувало неколку физиолошки и когнитивни подобрувања по 12 недели дневни додатоци од боровинки. Здравствените придобивки од боровинките се добро познати. Од својствата за заздравување рани до зајакнување на меморијата, боровинките се мали топченца со хранливи материи.

Роберт Крикоријан веќе неколку години ги проучува невролошките ефекти на боровинките. Неговата претходна работа открила неколку когнитивни придобивки кај постарите лица кои почнале да додаваат боровинки во исхраната, но оваа нова студија се обиде да открие дали бобинки може да бидат корисни превентивни средства кога редовно се консумираат во средовечни години.

– Ги забележавме когнитивните придобивки од боровинките во претходните студии во кои беа вклучени постари возрасни лица и мислевме дека тие би можеле да бидат ефективни кај помладите лица со отпорност на инсули – вели Крикоријан. – Алцхајмеровата болест, како и сите хронични болести што се појавуваат со стареењето, се развиваат во период од многу години почнувајќи од средната возраст – додава тој.

боровинки
Фото: Unsplash / Raphael Maksian

За да ги тестираат ефектите од јадење боровинки во средна возраст, истражувачите вклучиле 33 возрасни лица на возраст меѓу 50 и 65 години. Сите учесници имале прекумерна тежина (со индекс на телесна маса од 25 или поголем) и се жалеле на субјективни когнитивни нарушувања, што укажува на најраните фази на когнитивниот пад поврзан со возраста.

На учесниците во период од 12 недели им биле додадени суплементи од боровинки или плацебо. Прашокот од боровинки бил еквивалентен на околу половина чаша боровинки дневно. На почетокот и на крајот на испитувањето биле направени голем број когнитивни тестови, а биле следени и неколку метаболички биомаркери.

Според Крикоријан, најзначајните когнитивни подобрувања забележани по 12 недели консумирање боровинки биле поврзани со извршните функции. Испитаниците што консумирале прашок од боровинки, исто така, покажале подобрувања на нивото на инсулин на гладно и зголемено митохондријално раздвојување, клеточен процес поврзан со здравото стареење.

боровинки
Фото: Unsplash / Abigail Lynn

Се разбира, како и со сите студии како оваа, има предупредувања. Бројката била мала, а времетраењето на дејството кратко. Затоа, тешко е веднаш да се навестат боровинките како моќна храна за превенција од деменција.

Крикоријан е свесен за овие ограничувања и повикува на повеќе студии за да се потврдат овие наоди. Сепак, тој исто така забележува дека најверојатно нема штета од додавањето на боровинки во исхраната како дел од пошироката стратегија за здраво стареење.

– Треба да се направат дополнителни истражувања, од голема важност е да се репродуцираат овие откритија, особено од други истражувачи – вели Крикоријан.

Во меѓувреме, можеби е добра идеја да се консумираат боровинки на редовна основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот