Неколку бездомни кучиња од Скопје станаа „Англичани“

Првите кучиња од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ пристигнаа во своите нови домови во Обединетото Кралство, Фото: ЈП „Лајка“

Неколку бездомни кучиња, заловени од вработените во ЈП „Лајка“ од јавните површини во Скопје, деновиве се вдомени од љубители на животните во Обединетото Кралство, информираат од ова јавно претпријатие.

– Првите кучиња од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ пристигнаа во своите нови домови во Обединетото Кралство. Им посакуваме многу среќа и убави мигови со новите семејства. Сакаме да им се заблагодариме на сите вдомувачи, поддржувачи, активисти, организации, згрижувачи, на Агенцијата за храна и ветеринарство, ветеринарниот тим и професионалниот транспорт – велат од ЈП „Лајка“.

Според нив, со континуираниот раст на заинтересирани граѓани од земјава, но и од странство за вдомување бездомни кучиња, на животните им се дава можност наместо на улица, зимата но и остатокот од својот живот да ги поминат во топол дом, опкружени со љубов од нивните вдомувачи.

Кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“добива нова димензија. По успешните вдомувања на бездомни кучиња во нашата земја, мисијата продолжи во САД, Германија, Белгија, Шведска и во Обединетото Кралство. Бројот на бездомни кучиња на улиците и трендот на напуштање миленици се трудиме да го претвориме во тренд на вдомување и одговорно сопствеништво, а заедно и со поддршка на хумани граѓани и организации нашата мисија стана реалност – заклучуваат од јавното претпријатие од каде што објаснуваат и дека идните вдомувачи, кои се заинтересирани да земат куче, најчесто ги контактираат преку нивните социјални мрежи или на мејловите за вдомување.

Инаку, откако бездомните кучиња ќе се заловат, се згрижуваат во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ и подлежат на хуман третман, кој вклучува: крвна слика, 4Д тест, тест за лишманија по единствена акредитирана метода (кој е задолжителен според годишната наредба на Агенцијата за храна и ветеринарство), терапија против внатрешни и надворешни паразити, вакцинација против заразни болести и беснило, кастрација/стерилизација, микрочипирање и обележување со ушна маркичка. Сепак, за да може едно куче да патува и да се вдоми во странство, меѓу другото треба.

Од заловените бездомни животни, кои екипите на ЈП „Лајка“ ги лоцирале на некоја од јавните градски површини, а потоа ги однеле во просториите на јавното претпријатие, вработените успеале да посредуваат во нешто повеќе од 120 вдомувања на кучиња во Скопје, а над 50 кучиња успешно биле вдомени во странство, со што им е обезбеден дом и љубов од вистински љубители на животните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот