Некој украл компјутер од полициски терминал на „Блаце“

Граничен премин Блаце / фото: Телма/принтскрин

Компјутер бил украден од полициски терминал на граничниот премин „Блаце“. Од МВР за „Алсат“ ја потврдија кражбата, која се случила во просториите на терминалот за патници кои патуваат со воз.

Нема опасност од следење на информациите или кражба на податоци, бидејќи компјутерот подолго време не бил во функција и не бил поврзан во софтверската мрежа, велат за телевизијата од Министерството за внатрешни работи.

„Известен е Секторот за внатрешна контрола, криминалистичка истрага и професионални стандарди, кое ги презеде соодветните мерки. Доколку се утврдат пропусти во постапувањето на кој било полициски службеник, ќе се преземат мерки согласно Колективниот договор на МВР и за тоа ќе биде известено надлежното јавно обвинителство“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот