„Некој“ така ни го смести што сега сите сме у „Рекет“

Ова е лудо. Нас не обзема општа медиумска хистерија по „Рекет“.

Кој прв ќе дознае, кој прв ќе објави, кој на кого му дал пари, кој ги зел, кој е стварнно замешан, а кој е само набеден. Секој ден во јавноста се уфрла некое ново име, некоја нова родбинска врска. Како во добра семејна турска серија.

Но работата не е толку наивна. „Рекет“ не е веќе само афера или случај за обвинителството. Тоа прераснува во нешто поголемо. Така добро се измешани кривично-правните аспекти на судските случаи со политичката позадина и со политичките аспирации што се добива впечаток дека всушност рекетирана е – Македонија.

Би сакал да верувам дека зад ова стојат „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер“, но се ми се чини дека станува збор за поголема игранка во чија оркестрација се имаат замешано многу суетни новинари и значителен број педери. Што домашни, што надворешни. Домашниве ќе ги тргнам настрана. Тие се само алатка на бургијашите кои ја користат оваа ситуација, ако тие и не ја создале, за да не доведат у ситуација спротивна на онаа изрека од „Среќна нова ‘49 та“ : „Запад ‘не запиша, ама Исток не ‘не отпишуе“!

Некој сака сите да ‘не напика во „Рекет“! Да се занимаваме самите со себе. Да се гледаме како рекетари или како рекетирани. Да навиваме за обвинетите или за обвинителите. Да се сомневаме во секого. Прво во Власта, па во Институциите, во бизнис заедницата, во познатите, во пријателите. Само не во криминалците.

Зашто као сега тие ја водат битката за правдата. Преку ноќ станаа чесни, совесни и вистинољубиви!!! Нивниот збор вреди, тие обвинуваат, тие уценуваат!

И види, зад нив веднаш застана опозицијата. И таа рекетира. Или избори или нема закон за ЈО. Ако нема закон за ЈО нема ни ЕУ, нема ни НАТО.

Поентата е да се заборави на стариот криминал, а институциите да се занимаваат со новиот.

Тука на сцена стапуваат медиумите и пара медиумите. Првите искористени, вторите во функција. Кој стигне, удира. И „наши“ и „нивни“. Експертите маваат со коментари, од ЗНМ соопштенија, АВМУ предупредува, порталите лом прават, Фејс бук вришти. Се во функција на слобода на изразувањето. Така е кога некој десет години ти ја држел устата затворена, сега наеднаш добиваш незапирлива жед за говор. Демократија! Можеби, но се плашам дека на тој начин сите заедно, сосе мазохистичката власт за кратко овој демократски ХАОС ќе си го замениме со режимскиот КОСМОС во кој имаше „РЕД“. И штама! Можеме после да се обвинуваме до утре сабајле кој беше виновен, ама ќе биде неважно.

ЗАТОА НЕКОЈ СТВАРНО ТРЕБА ДА ДИГНЕ РУЧНА!

Ако сте сигурни дека вистината е на ваша страна, земете „токмак“ и удри по лагите!

Граѓаните не смеат да имаат ни најмал сомнеж дека има нешто скришно.

На крајот на краиштата се здрмало СЈО, па што. Та белким не се свела целата држава само на СЈО. Има и други институции во оваа земја. Нека си ја работат работата. Чесно и поштено.

Прочитајте и...  Во оваа земја во САД 30 000 луѓе живеат во полигамијa, повеќе не е нелегално

Прочитај повеќе

Загинаа две жени откако нивното возило паднало од траект во близина на Мајами (ВИДЕО)

Слободен печат

Јуратовиќ: Медиумите во Србија се под силна контрола и притисок

Слободен печат

Во оваа земја во САД 30 000 луѓе живеат во полигамијa, повеќе не е нелегално

Слободен печат

(АНКЕТА) Граѓаните се жалат: За пасош ми велат дека треба да чекам два месеци

Војислав Мојсовски

КОГА СЕ САКА СЕ МОЖЕ: Училиштето во Волково е пример за инклузија, таму сите деца се исти (ФОТО+ИНФОГРАФИК)

Соња Христовска Угриновска

Масовно ѕвонење од броеви од странство на македонски корисници, НЕ ОДГОВАРАЈТЕ!

Мирослава Бурнс

Остави Коментар

7 + 19 =

Прочитај повеќе

Избрзан демант на веста за оставките

Сашо Орданоски

Македонија по 30 години ги виде „децата фантоми“: Девојче од Скопје се родило без идентитет и умрело без идентитет

Мирослава Бурнс

Лажна Грета му се јавила на Сандерс: Стани претседател на САД и работи за РУСИЈА (ВИДЕО)

Слободен печат

Ќосето на нашето време

Ѓорѓи Тоновски

Што значеше „Маршот за правда“

Ерол Шаќири

Зоран Заев: Живеам како студент во Скопје, се хранам со виршли и салама

Слободен печат