Непосредно пред стартот на Австралија Опен во јавноста се појави „писмо со барања“ кое го испрати Новак Ѓоковиќ до директорот на грен слем турнирот, Крег Тили, кој пак открива дека тоа всушност била Ватсап порака која „излегла“ во јавноста.
Ѓоковиќ во пораката до Тили изнесе неколку сугестии во врска со организацијата на тениските турнири во Австралија за време на пандемијата, а голем дел од медиумите, го критикуваат тој потег на најдобриот светски тенисер. Но, директорот на Австралија Опен, Крег Тили, уште еднаш застана во одбрана на Ѓоковиќ и го обвини АТП за пораката.
– Новак ми испрати Ватсап порака додека беше во карантин во Аделаида. Имаше доста сугестии во намерата да им се помогне на 72-та спортисти кои беа изолирани – еден дел некои работи не беа дозволени, додека друг дел беа дозволени. Но, потоа испадна дека некој од АТП намерно ја пушти во јавност таа порака и направи да изгледа како Новак да ми пратил листа со барања. Поради тоа Новак Ѓоковиќ доби многу незаслужени критики – изјави Тили.
– Лично со Новак отсекогаш сум имал добра комуникација и морам да признаам дека на Австралија Опен изгледаше поборо од порано и покрај тоа што зад него беше стресен период. Тој секогаш сака да им помогне на останатите, но понекогаш времето во кое го прави тоа не е вистинското. Тој е неверојатен спортист.