Некој нешто му ставил во пијалакот, убедени се другарите на Матеј: Тој не е лошо момче со лошо друштво

Матеј и Ненад Периш/Фото: Слободен печат/колаж

Да не сте им во кожа на родителите и сестрите на Матеј, вака еден школски другар ја почна приказната за момчето од Сплит кое исчезна среде забава во ноќен клуб во Белград.

– Навистина е вознемирувачки да се гледаат снимките кои се појавија во медиумите и го прикажуваат како целосно изгубен трча по улиците. Многумина сега шпекулираат дека бил под дејство на дрога. За Матеј би ја ставил раката во оган дека не се дрогира, бидејќи не е таков тип. Што е важно што е пријател со Филип Завадлав? Нема потреба да се генерализира. Немате поим како Метeј беше погоден од овие убиства на Филип поради дрога. Убедени сме дека Матеј можеби нешто се напил во клубот, па почнал да халуцинира и да бега од нешто. Друго објаснување нема. Инаку, во училиште беше добар ученик, заедно одевме во средно. Живееше за патувања, стекнување нови искуства, го сакаше животот и не се ограничуваше – изјави за „Јутарњи лист“ еден школски другар на Матеј Периш.

Низа мистериозни околности

Пријателот на исчезнатиот Матеј, нагласува дека петчленото семејство Периш функционирало складно, дури и кога бракот на неговите родители се распаднал.

– Ненад ги водеше децата со себе на натпреварите. Беше горд на синот и двете ќерки зошто тој и сопругата одгледале добри личности. Чудни се околностите под кои исчезна Матеј, а искрено, не би ме зачудило и неговите пријатели со кои бил таа ноќ нешто да кријат зошто не може без никаква причина, тој така, полудено да трча низ улиците на непознат град, вели еден сосед на Матеј, чиј син заедно студирал на Економскиот факултет.

Тој дадава дека Матеј „не е дете кое се расфрла со пари, туку дека сам заработувал работејќи летно време како скипер така што по никој основ не може да биде лошо момче во лошо друштво“.

Тој се надева дека оваа агонија побрзо ќе се разреши.

-Сето ова трае предолго за нас кои нестрпливо чекаме да добиеме информации за лажиче. Се обидов да стапам во контакт со едно момче со кое Матеј беше во Белград, но тој не одговори ниту на пораките ниту на повиците. Сите се уверени дека нешто кријат, но не знам што да помислам зошто и тие не се лоши момчиња, вели овој сосед на Матеј.

Со изјава за настанот се јави и една негова професорка од гимназија. Таа објави заедничка фотографија до училишна екскурзија во Грција со опис:

-Пред 10 години на врвот Метеори, моите сакани деца … десно, со бело капче клечи мојот Матеј Периш… исчезна пред неколку дена… се молиме, пријатели, да се врати здрав и жив дома“…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот