„НЕКОЈ ЌЕ ТИ ПОЧИНЕ, БРЗО ДОНЕСИ ГИ СИТЕ ПАРИ“: Девојка со необична измама украла 13.000 евра од беспомошна старица во Бања Лука

Фото: Профимедиа

Полицијата во Бања Лука трага по млада жена која измамила една жена (79) во главниот град на Република Српска. Неименувата жена успејала да ја измами старата жена за 25.340 марки (околу 13.000 евра).

Извор на порталот „Српскаинфо“ од Полициската управа на Бања Лука открива дека измамничката ја искористила лековерната бабичка и на подмолен начин успејала да влезе во семејната куќа на жртвата.

– Според наводите од пријавата, млада женска особа заѕвонила на вратата на семејната куќа на старицата. Кога жената ја отворила вратата, воопшто не сфатила дека е жртва на добро смислена измама – раскажа извор на полицијата од Бања Лука.

Откако побарала жената да ѝ свари кафе, измамничката на бабичката ѝ рекла дека некој набрзо ќе и почине во семејство, но дека таа може да ја ослободи од таа „магија“. Секако, за „уништувањето“ на „магијата“ биле потребни сите пари од куќата.

Измамничката веројатно не верувала дека старицата пред неа ќе ја изнесе целата своја заштеда.

– Кога го видела купот на пари, за потребните на „отстанувањето“ на црната „магија“ која наводно е фрлена врз нејзиното семејство, да донесе леб, шеќер и други „потребни“ намирници. Меѓутоа, кога 79-годишната баба излегла од собата, измамничката избегала од куќата – објаснува извор од Полициската управа на Бања Лука.

Слични случаи во изминатиот период се забележани на подрачјето на повеќе полициски управи во Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот