Некој го прекрстил Царот Лазар во Јован Милостив на фрескоживописот во манастирот Свети Јоаким Осоговски

Во манастирот Свети Јоаким Осоговски кај Крива Паланка, променети се имињата на фреските на кои се прикажани српските средновековни владетели и светители, пренесува Блиц.рс.

Според српскиот медиум, во светилиштето од 19 век, со кое управува Македонска православна црква, засега „непознати автори“ интервенирале при што фигурите на фрескоживописот се зачувани, но прекрстени, па така Светите цареви Урош и Лазар, и Светите кралеви Милутин и Стефан Дечански“ станаа „цар Владимир Киевски, Јован Милостив, Константин Велики, Никифор Фока.

View this post on Instagram

 

A post shared by СПОНА (@kic_spona)

„Преименувањето на српските светители на фреските во Осоговскиот манастир е несфатливо фалсификување и прекројување на историското и културното наследство. Овој вандалски непримерен и анти-цивилизацијски чин на свесно сквернавење на споменик на културата истовремено е и кривично дело но и грубо фалсификување на молитвениот помен на имињата на овие светители, како и на желбите на дародавците на овие фрески.“

Како што се вели во текстот на Блиц за оригиналните натписи на живописот сведочи книгата „Десет века на Свети Јоаким Осоговски“, чиј автор е Јордан Михајловски, објавена во 2005 година од управата на манастирот Осогово и „Македонска ризница“ од Куманово. Во описот на фрескоживописот на главната манастирска црква, прецизно се именувани светците чии имиња сега се препишани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот