Некој ги вади органите на ајкулите, а не се луѓето: Вистината е страшна (ВИДЕО)
Големите морски кучиња треба да се појават на своите стандардни места за лов, близу крајбрежјето на Кејп Таун во Јужна Африка.
Сепак, научниците тврдат дека е задоцнета нивната посета и се трудат да ги откријат причините. Се чини дека ајкулите започнале да го избегнуваат тој регион, пишува Earth.
Според овој извор, можна причина за намалениот број на ајкули се климатските промени но и орка китовите кои го напаѓаат овој предатор.
Во период од 2010 до 2016 година во просек, во овој дел од Атланскиот океан, се забележани 205 големи бели ајкули, но таа бројка значително е намалена во 2018 кога се забележани само 50 единки.
Оваа година, барем до денес не е забележана ајкула или нејзино присуство во заливот Фалс, локација која беше омилена на големите морски кучиња. Некој биолози веруваат дека нивната намаленост се должи на климатските промени.