Некои ривалства никогаш не прекинуваат: И денеска би го удрил Џордан
Пред 30-тина години, Индијана пејсерс и Чикаго булс беа едни од најголемите ривали во НБА лигата, „биковите“ беа поуспешни, но токму најтешките натпревари ги имаа против тимот во кој главна ѕвезда беше Реџи Милер.
Токму најголемите ѕвезди на екипите Реџи Милер и Мајкл Џордан изградија посебно ривалство, тие се чуваа еден со друг на натпреварите, се натпреваруваа меѓу себе, дури неколку пати влегоа во клинч, а и до денешен ден е присутна нетрпеливоста помеѓу нив.
– Доколку денеска играме кошарка, најверојатно би го удрил – изјави Милер во емисијата на ЕСПН во која тема беа супер екипите во НБА лигата.
Реџи Милер целата кариера ја помина во Индијана, иако не успеа да дојде до титулата, сепак не размислувал да си замине.
– Никогаш, тоа е мојот клуб. Тоа беа поинакви времиња од денеска, играчите се врзуваа за клубовите. Што би се случило доколку Џордан ме повика да играм со него – ништо, ќе ми кажев „е*и се“. Тоа е се – додава Милер.