Некои пациенти со коронавирус кај нас, ќе се лекуваат со терапии што се користеле против ХИВ и ебола

Некои пациенти со коронавирус кај нас, ќе се лекуваат со терапии што во минатото се користеле против ХИВ и ебола, откако Македонија стана една од земјите што учествуваат во клиничката студија водена од Светската здравствена организација ,,Солидарити”.

Во оваа клиничка студија, се тестираат четири терапии меѓу кои – ремдесивир (оригинално дизајниран лек за борба против еболата) и калетра (медикамент кој во САД во 2000 година е одобрен за третирање на ХИВ).

Министерот за здравство Венко Филипче, на прашањето на ,,Слободен печат” дали на нашите пациенти со коронавирус ќе им се дава и ваква терапија, одговори дека тоа ќе се случува само за некои, за кои ќе се покаже дека овие медикаменти се добри.

-Тоа е суштината на терапевтскиот пристап кон коронавирусот – терапии кои се користат кај ебола вирусот, антиретровиралната терапија кај ХИВ пациентите ,,калетра”, понатаму уште еден лек после оваа комбинација што ја спомнавме и така ќе бидат селектирани пациентите. Значи, за секоја група пациенти има соодветна индикација и тоа е суштината на клиничката студија. Значи, не одговара секој пациент за секоја група на лекови. Инаку, конкретниот одговор е дека да, тоа се лековите кои што насекаде во светот се индицираат кај овие пациенти и практично се аплицираат а потекнуваат од истражувањата на овие други вируси кои ги споменавте, рече Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче, додаде дека најдоцна до утре, по увидот на медицинската документација ќе ги соопшти контактите на 31 годишниот пациент кој почина вчера. Ќе се разгледаат епидемиолошките анкети за да нема шпекулации во однос на контактите кои ги имал и изминатите болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот