Некои лиги не ја спроведуваат правилно ВАР технологијата 

EPA-EFE/PETER POWELL

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, истакна дека ВАР технологијата не се костисти правилно во сите земји.

Според Инфантино, идејата е по примената на ВАР технологијата во спорните моменти на натпреварите, одлуката да ја донесе судијата на теренот, но тоа правило или препорака не се почитува во сите земји.

– Најважно е ВАР да служи како поддршка на судиите, а не некој друг да донесува одлуки наместо судијата на теренот. Тоа се принципите на ВАР во голем број земји, но не во сите – потенцира Инфантино.

Оваа изјава на првиот човек на ФИФА доаѓа по големите замерки на примената на ВАР во Премиер лигата, каде имаше доста контроверзни одлуки, а тие не беа донесени од судијата на теренот, туку од ВАР собата.

– Не гледам причина зашто ВАР технологијата да не биде успешна во Англија, доколку со успех се применува во други лиги. Мислам дека е нормално за иновација која фудбалот ја чекаше 150 години да има грешки на почетокот. Не можеме да замижуваме пред проблемите и да велиме дека се е совршено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот