Некои ќе заведуваат и флертуваат, а некои ќе бидат многу внимателни: Краток љубовен хороскоп за втората половина на октомври за сите знаци

хороскоп
Фото: Unsplash

Ретроградниот Меркур и новата месечина носат големи промени, предизвици и проблеми, но енергијата на љубовта честопати ја надминува темната енергија на искушението, пишува Lovesensa.

Откријте што предвидува љубовниот хороскоп од 16 до 31 октомври 2020 година за вашиот хороскопски знак!

ОВЕН

Многумина ќе треба да излезат, да прошетаат, да запознаат некои интересни луѓе и да споделат со нив што им лежи во срцата.

Ќе треба да се потрудите малку повеќе за да освоите нечие срце. Ако ви е премногу напорно, бидете трпеливи и почекајте го вистинскиот момент за љубов.

БИК

Во последно време, вие само сонувате, и не преземате важни дела во љубовта. Спуштете се на земја, најдете мир.

Важно е да се биде искрен во секој процес. Ако сте решиле да бидете љубезни и поотворени кон партнерот, тогаш однесувајте се така.

БЛИЗНАЦИ

Уживајте во љубовта и романтиката, а дополнително ве чека сè што досега сте посакале.

Ќе имате повисоко ниво на самодоверба и подготвени сте да остварите нови познанства. Тие очекуваат големи љубовни можности, а осамените души имаат шанса да запознаат некоја личност за озбилно.

РАК

Продолжете да ширите позитивни вибрации, радост и задоволство насекаде околу вас. Ако немате партнер, излезете, запознајте нови луѓе и бидете комуникативни.

Раковите кои неодамна започнаа врска нека очекуваат добар исход на ситуацијата.

ЛАВ

Со партнерот подобро ќе се сложувате. Ќе уживате на забавни активности заедно, а на многумина ќе им се исполнат старите љубовни желби.

Чувајте ја хармонијата во љубовта и обидете се да ја одржувате, бидејќи љубовта треба да се негува.

ДЕВИЦА

Ако неодамна флертувавте со некој од работа, овие денови таа би можела да ве покани на романтичен состанок. Осамените срца сè уште само фантазираат.

ВАГА

Во врска со љубовта, дозволете интуицијата да ве води во периодот кој следи. Со нејзина помош, сè ќе биде подобро и полесно.

Ако чувствувате дека ви недостасува страст во емотивните односи, разговарајте со вашиот партнер за заеднички желби.

ШКОРПИЈА

Не влегувајте во расправија, особено не околу ситниците. Вашата врска ќе се подобрува со текот на времето. Треба да бидете трпеливи.

Добрата комуникација со партнерот може да ја подобри љубовната врска.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекуваат големи задоволства во љубовта, а таа среќа ќе сакате да ја споделите со вашата околина. Зрачете со добра енергија.

Вашата хедонистичка природа ќе дојде до целосно изразување и во вашата врска. Ве очекуваат исполнети многу желби.

ЈАРЕЦ

Продолжете да инвестирате во љубовта. Оние во врските блескаат, а осамените се полни со надеж и згаснуваат.

Вашата способност за комуникација и хумор ќе бидат на завидно ниво.

ВОДОЛИЈА

Без оглед на малите внатрешни превирања, овие денови ќе блеснете толку многу што ќе пренесете толку прекрасна енергија на сите околу вас.

Оние кои сè уште бараат сродна душа, сега можат да го најдат на лесен и пријатен начин на работа или преку работа.

РИБА

Ветувањата што ги дадовте или сте ги добиле ќе бидат исполнети, а вие ќе бидете смирени, исполнети и задоволни во драга компанија.

Оние што чекаат глас во врска со љубовта од странство, ќе добијат нејасни пораки и ќе мора да бидат малку по трпеливи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот