Некогаш најзатворената социјалистичка земја во Европа сега има влада со 12 жени

Фото Facebook Screenshot Edi Rama

Албанскиот парламент денеска ја изгласа првата влада, од воведувањето на повеќепартискиот систем пред 30 години, во која мнозинството се жени, пренесува Албанија Дејли. 

По состанокот на собранието кое траеше повеќе од 20 часа, Еди Рама беше избран за премиер по трет пат, откако победи на изборите во април.  

Од 17 членови на владата, 12 се жени. 

„Борбата против родовата дискриминација и семејното насилство останува многу отворена и таа е далеку од победена“, рече Рама пред пратениците кои гласаа за неговата влада со 77 гласови од 140. 

„Во нашето општество се уште постојат дискриминаторски сили и негативни енергии кои им наштетуваат на жените и девојчињата.  

Олта Џачка останува на позицијата министерка за надворешни работи, како и министерките за култура и образование Елва Маргарита и Евис Куши. Делина Ибрахимај доаѓа на чело на Министерството за финансии и економија, а нова министерка за земјоделство ќе биде Фрида Крифца. Новата шефица на парламентот е Линдита Никола. Министерка за деца и младинци е Бора Мужачи, а министерка за односи со парламентот Елиса Спиропали.  

Рама рече дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритет на неговиот трет мандат. Новата влада предвидува економски раст од околу 4 проценти годишно, откако падна за 3,3 проценти во 2020-та година, како резултат на пандемијата.  

Порано Албанија беше најзатворената социјалистичка држава, а сега Албанија е членка на НАТО и нејзината цел е еден ден да се приклучи на Европската унија. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот