Некогаш Мајкл Џонсон беше светски рекордер на 200 метри, а потоа мораше да учи да оди

EPA-EFE/Jose Manuel Vidal

По мозочниот удар прославениот американски атлетичар „патеката“ од 200 метри ја минувал за 20 минути, а не како некогаш за помалку до 20 секунди

Олимписката легенда, некогашниот американски атлетичар Мајкл Џонсон, ја започна најтешката битка во животот откако пред неколку години доживеа мозочен удар.

Џонсон (55), еден од најдобрите спринтери во историјата, освои четири златни медали на три олимпијади во низа, поставувајќи светски рекорд на 200 метри (19,32 секунди), кој подоцна беше соборен од Усеин Болт.

Во 2018 година Џонсон доживеа мозочен удар, а лекарите се плашеа дека можеби никогаш повеќе нема да може да оди. Но Американецот закрепна неверојатно и за два месеци изјави дека речиси се вратил во нормала.

– При закрепнувањето од ударот имав предност затоа што бев спортист. Првиот ден кога можев да станам од кревет, терапевтот ме шеташе низ болничкиот ходник за да почнам. Додека го правев тоа, тој ме тренираше, ме учеше како да одам. Тоа во принцип не се разликуваше од тоа што тренерот ми објаснуваше на патеката секој ден. „Мајкл, мораш да го направиш ова“. Погледнав наназад и сфатив дека сум поминал 200 метри за 20 минути, а не за 20 секунди. Но, не бев обесхрабрен. Не се знаеше дали повторно ќе проодам, но на сопругата и реков дека ќе закрепнам целосно и побрзо од сите – откри неодамна Џонсон детали од закрепнувањето.

Џонсон сега може да ги продолжи со своите хоби-активности, вклучувајќи велосипед, веслање, трчање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот