Некогаш ги нарекувале „дупка во ѕидот“: Приходот од продажбата на банкомати надминува 13 милијарди долари

Денеска речиси и да не можеме да го замислиме животот без банкомат. Тие се наоѓаат на речиси секој агол, а ширум светот постојат дури три различни форми на овие машини.

Но, пред отприлика 50 години ваквиот систем не постоеше, а луѓето по своите пари одеа во банките.

Така било се до 1967. година кога британскиот иноватор Џон Шеперд-Барон го креирал првиот банкомат. Неговиот изум наречен „дупка во ѕидот“ премногу се разликуваше од денешните верзии на банкоматите. Имено, корисникот за да ги добие парите морал прво во банка да земе ваучер кој потоа ќе го стави во апарат, а потоа да го внесе кодот од шест карактери. Веднаш потоа машината ќе извади максимално 10 фунти по едно користење.

До пристигнувањето на верзиите на банкомати, какви што имаме денеска, не помина многу време. Имено, само неколку години подоцна шкотскиот иноватор Џејмс Гудефелоу креираше банкомат со картички со код од четири карактери.

Инаку, на глобално ниво годишниот приход од продажба на овие машини надминува 13 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот